„Комисијата за заразни болести ќе достави предлог за олабавување на рестриктивните мерки и тој предлог план предвидува во оваа недела да се вратат во функција центрите за едукација, семинари и обука на возрасни, автошколи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови, тенис, други и спортски обложувалници преку шалтер и молови, без локали со угостителска дејност. Следната недела предвид е да има нови промени, меѓу кои се враќање на спортските тренинзи на отворено на колективните спортови“, изјави Министерот за здравство, Венко Филипче.