На 10.05.2020 година во 20.30 часот во Полициска станица Струмица А.А.(49) од Струмица пријавил дека околу 18.00 часот на ул.„Бетовенова“ во Струмица бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Ц., Ф.С. и Н.С, од една страна, и М.А., Е.А., М.А. и Ј.А., од друга страна. Полициска станица Струмица презема мерки за документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.