Угостителски објект во Струмица работел за време забраната

На 09.05.2020 година во 16.30 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица и инспектор од Државен пазарен инспекторат Струмица извршиле контрола во угостителски објект лоциран на магистрален пат Струмица-Валандово, при што констатирале дека летната тараса на објектот работи, без притоа да се почитуваат насоките и препораките на Владата на РСМ и Министерството за здравство за спречување на ширење на коронавирусот. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

717ddced9263266295b93b119ff864e2_XL

Comments are closed.