Двајца струмичани лишани од слобода – полицијата пронашла две пакувања марихуана

На 09.05.2020 во 11.30 часот полициски службеници од Полициска станица Струмица, во парк лоциран на раскрсница од ул. „Маршал Тито“ и ул. „Крушевска“ во Струмица, пронашле две пакувања со марихуана. Во врска со пронајдените предмети во Полициска станица Струмица се лишени од слобода Г.М. (32) и А.М. (31), и двајцата од Струмица. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.полиција

Comments are closed.