Заврши изградбата на атмосферскиот канал во Габрово

Градоначалникот Коста Јаневски со соработниците денеска го посети населеното место Габрово кадешто заврши изградбата на атмосферскиот канал во должина од 360 метри. Со овој зафат се реши проблемот со атмосферските води во селото.

Го посетија и населеното место Градско Балдовци кадешто во завршна фаза е реализацијата на проектот ,,Улица со шеталиште”.
Се довршува поплочувањето на тротоарот на којшто ќе бидат поставени 16 клупи и до крајот на неделата ќе се изврши асфалтирањето на улицата во должина од еден километар.96090649_2862075340512544_8622042994410782720_n 97009864_2862075433845868_6076261070270365696_n 96805087_2862075527179192_4297522475123605504_n 97805239_2862075613845850_5047097274476265472_n 96784406_2862075873845824_1196488802453946368_n

Comments are closed.