Еве со кои екипи Астраион ќе се натпреварува во Суперлигата

Ракометниот клуб Астраион од Струмица, од следната сезона ќе се натпреварува во Суперлигата. Тоа ќе биде деби настап за струмичани во најсилното ракометно натпреварување во земјата.

РК Астраион - РК Алушовски - Струмица - 15. коло Прва ракометна лига - Група 1

Во лигата ќе се натпреваруваат 16 екипи, со двете екипи од СЕХА натпреварувањето, Вардар и Еурофарм Пелистер, кои ќе се приклучат во плеј-оф завршницата. 14 екипи поделени во две групи од по 7 екипи.

Во Суперлигата следната сезона ќе играат покрај Вардар и Еурофарм Пелистер кои ќе играат во плеј-офот, Металург, Охрид, Пролет, Бутел Скопје, Радовиш, Еурофарм Пелистер 2, Струга, Работнички, Астраион, Прилеп, Јуниор КВ, Тиквеш, КЛ7 и Младост Богданци.

Вторите екипи на Вардар и Металург, односно Вардар Јуниор и Металург 2 се повлекуваат од Суперлигата, и на нивното место влегуваат третопласираните екипи од двете групи од Првата лига, тоа се Младост Богданци и Јуниор КВ.

Тиквеш, Прилеп и Младост Богданци се повратници во Суперлигата, а ќе дебитираат Јуниор КВ, КЛ7 и Астраион).

Како што веќе беше најавено, Суперлигата ќе биде поделена на две групи од по седум екипи, од кои најдобрите три од секоја група ќе се пласираат во плеј-офот, каде што ќе се приклучат Вардар и Еурофарм Пелистер, а останатите осум ќе разигруваат за опстанок, во плеј-аутот. Само победникот на плеј-аут сигурно ќе обезбеди опстанок, второпласираната екипа ќе игра бараж со победникот на Првата лига, а сите останати екипи ќе испаднат во понизок ранг на натпреварување за сезоната 2021/2022.

Веќе е договорено од септември 2021 во Суперлигата да се вклучат и Вардар и Еурофарм Пелистер, вкупно десет екипи, тогаш ќе се играат 18 кола, по што најдобрите шест ќе разигруваат за титула (плеј-оф), а преостанатите четири за опстанок (плеј-аут). Последната екипа ќе испадне автоматски во понизок ранг, а претпоследната ќе разигрува за опстанок во бараж со второпласираната екипа од Првата лига, како што беше и претходните сезони.

Comments are closed.