Ќе продолжи ли фудбалот и кога ? Дали ќе има време да се заврши сезоната регуларно ?

Балканот прави „рестарт“ на фудбалските лиги, кај нас се уште не се знае кога би започнале со тренинзи клубовите и дали воопшто ќе продолжи сезоната. Второлигашите од Истокот имаа и ицинијатива, сезоната да се прекине, а првата екипа, во случајот Беласица да биде дел од Првата лига, и да нема испаѓање на екипи од ова натпреварување.

Беласица - Пелистер - во Струмица - контролен натпревар - 15.02.2020 3

Фудбалот во Србија ќе продолжи на 30. мај, додека во Хрватска фудбалот започнува на 6. јуни, а претходно на 30. мај ќе се играат полуфиналните натпревари од Купот на Хрватска. Исто така, и во Црна Гора е најавен рестарт на први јуни. Во БиХ, донесен е став да нема спортски натпреварувања најмалку до 1 јули.

Кај нас, се уште нема став кога би продолжил фудбалот. Но, доколку евентуално продолжи, тогаш сезоната треба да заврши до 20 јули, бидејќи клубовите кои ќе изборат пласман на европската сцена, ќе мораат да го почнат настапот во претквалификациите од УЕФА натпреварувањата.

 

Comments are closed.