Шест струмичани не ја почитувале забраната за движење, двајца се лишени од слобода

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (04/05.05.2020), по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 6 лица не ја почитувале забраната за движење, 2 се приведени/лишени од слобода, а за 4 лица се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.полиција

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се констатирани непочитувања на мерката.

Comments are closed.