Апел од градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски

Почитувани граѓани, Во овој период кога бројот на новозаразени од Ковид -19 се намалува, а се зголемува бројот на оздравени луѓе, се уште не смееме да си дозволиме опуштање и игнорирање на актуелните мерки за заштита на нашето здравје. Борбата со корона вирусот не е завршена, само од нас зависи кога ќе дојде крајот на справувањето со овој предизвик. Затоа да бидеме трпеливи, внимателни и сериозни во почитувањето на мерките и препораките за заштита од Ковид-19. Претстојните празници можеме да си ги прославиме достоинствено, почитувајќи ги мерките кои се уште се на сила, а чија цел е заштита на нашето здравје. Да не се изложуваме на непотребни ризици. Собирањето во групи и блиските контакти се уште се ризик по нашето здравје. Секоја одговорна држава има свои препораки со кои што сака да си го заштити своето население. Да ги почитуваме препораките и да го чуваме нашето здравје.1-2-2

Comments are closed.