Се заменуваат старите прозорци и врати со нови во зградата на ЈП „ Струмица Гас“ и „Паркиралишта Струмица

Се подобрува енергетската ефикасност во зградата каде што се сместени  Јавните претпријатија „Струмица Гас“ и „Паркиралишта Струмица“. Деновиве започна замената на старите прозорци и врати со нови. На овој начин побрзо и полесно ќе се загрее просторот и значително ќе се намалат загубите на топлина, а со тоа ќе намали и потрошувачката на енергија.

Овој зафат се реализира со средства во износ од 1.200.000 денари, грант добиен по јавен повик од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година – енергетска ефикасност, објавен од Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, а аплициран преку одделението за заштита на Животната средина во општина Струмица.

 1 (6) 2 (4) 3 (2)

Comments are closed.