Финансиската поддршка во износ од 3 денари по килограм за продадена зелка кај регистриран откупувач

На денешната седница, Владата на Република Северна Македонија донесе интервентна мерка наменета за стабилизирање на пазарот со зелка од домашно производство. Корисници на оваа интервентна мерка се земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со зелка, а оствареното производство го имаат продадено кај регистриран откупувач, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.zelka-960x720

Финансиската поддршка во износ од 3 денари по килограм, ќе се исплати за количини кои се продадени во периодот од 5 април до 5 мај 2020 година. Со оваа интервентна мерка ќе се стабилизира пазарот со зелка кој во месец април беше дестабилизиран поради намалување на побарувачката и откупната цена, како последица од вонредната состојба предизвикана од коронавирусот.

Comments are closed.