На 1, 2 и 3 мај ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден.94707050_2374347856205567_1842077577372499968_n

За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од КОВИД-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија. Апелирам до сите граѓани да се почитуваат без исклучок. Да го заштитиме сопственото и јавното здравје.

Comments are closed.