Во Струмица 13 лица не ја почитувале забраната за движење – 1 лице лишено од слобода

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (20/21.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 13 лицa не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 1 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се констатирани непочитувања на мерката.полиција

Comments are closed.