Благодатниот оган пристигна во земјава

И покрај сложената ситуација поради распространувањето на вирусот Kовид-19 и затворените граници меѓу државите, во знак на големото пријателство меѓу нашиот и грчкиот народ и оваа година, за радост и поткрепа на христијанските верници, во земјава пристигна светиот оган, познат и како благодатен оган.unnamed

За благодатниот оган се верува верува дека секоја година на Велика Сабота самиот се пали во Светиот Гроб на Господ Исус Христос во Ерусалим.

Благодатниот оган пристигна во нашата земја од соседна Грција, од аеродромот во Атина.

Според информациите што ги доби МИА огнот е донесен авион од приватната грчка авиокомпанија Epsilon Aviation, по претходен договор меѓу властите на Македонија и на Грција. Најголемиот дел од трошоците за летот ги покри Горан Трипуноски од Кичево.

На аеродромот во Скопје светиот оган беше дочекан од претставници на Владата и потоа предаден на Црквата.

Преземањето на светиот оган од Ерусалим се случува секоја година на Велика Сабота и повеќето православни држави, како на пример, Грција, Русија, Украина, Бугарија, Грузија, Романија и други, го прават со владини почести.

Во Република Македонија светиот оган прв пат пристигна на Велигден во 2009 година, во организација на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, а тогаш преку пријатели од Грчката Црква беше преземен од Солун.

unnamed (1)

Comments are closed.