Круме Смилков вчера заедно со фамилијата донираше заштитна опрема за здравствените работници во струмичката болница. На својот Фејсбук профил тој напиша:
Денеска, на болницата во Струмица со фамилијата (мајка ми Marija и брат ми Goran) дониравме 50 скафандери и 50 заштитни маски KN95.
Човек треба да е вистински благодарен ако има можност да помогне на секој кој има потреба во ова тешко време за сите нас. Да подели, да даде. Имам можност секојдневно преку мојата мајка да посведочам на беспоштедната и херојска битка што ја водат докторите, медицинските сестри и севкупниот медицински персонал кои се на првата линија против невидливиот непријател кој ни ги смени и отежна животите.
Затоа, со моето семејство, одлучивме да одвоиме од нашиот скромен буџет и да придонесеме во заштитата против коронавирусот за здравствените работници. Тоа е и нашиот знак на благодарност за се’ што прават за нас!
Да се грижиме за тие што го чуваат нашето здравје, нашиот живот! Заштитете се и вие и седете дома!
Среќни празници!
Круме Смилков