Во тек се повеќе градежни активности во градот и неколку населени места

Покрај секојдневното ангажирање на општинските капацитети во справувањето со пандемијата предизвикана од корона вирусот, согласно предвидената динамика, но и во согласност со препораките за работа во овој период, во тек се градежни активности во градот и неколку населени места во општина Струмица.

Интензивно се гради новата градинка во урбан блок 36 на просторот во поранешната  касарна. Објектот опфаќа површина од 1.443 метри квадратни со приземје и кат и ќе располага со капацитет за 300 деца.

Во основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ се гради нова спортска сала на површина од 1.200 метри квадратни.

Во населеното место Вељуса започна изградбата на фекална канализација во должина од 7,5 километри со што решаваме повеќегодишен проблем.

Во населените места Просениково и Дабиле заврши изградбата на фекалната канализација.

Во населеното место Габрово се гради бетонски атмосферски канал во должина од 360 метри.

Во населеното место Градско Балдовци при крај е реализацијата на проектот Улица со шеталиште. Поставени се канделабрите, се прави тротоарот, а потоа ќе се стават клупите и ќе се асфалтира улицата во должина од еден километар.1 (3) 8 7 6 (1) 5 4 3 2 (2) 1 (4)

 

 

Comments are closed.