Директорот Зоран Ѓоргиев заедно со вработените во ,,Комуналец” вршеа дезинфекција на градот

Вработените во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ заедно со директорот Зоран Ѓоргиев, по започнувањето на полицискиот час продолжија со рачна дезинфекција на тротоарите и урбаната опрема во најфреквентните делови на градот и со возила во дел од населените места.

Покрај редовните дезинфекции кои ги вршиме со возила и цистерни, денеска, и целиот викенд имаме една голема, опсежна акција, во која е вклучен целокупниот менаџмент на ЈПКД „Комуналец„ Струмица. Организирани сме во пет групи, тоа се околу 30-40 луѓе кои се вработени во сите сектори , а ќе бидат опфатени најфрекветните места во градот. Тоа значи главните улици, банките, аптеките, маркетите, односно кадешто имаме најголема фреквенција во текот на денот. Тоа го правиме заедно со општина Струмица и противпожарната единица, а имам и логистичка поддршка од Министерството за внатрешни работи. Се врши дезинфекција и во населените места, утре и в недела. Во недела исто така ќе извршиме уште една дезинфекција за да може градот да биде подготвен за наредниот работен ден, се со цел да го зачуваме здравјето на сите. Имаме ресурси и доволно количини средство за дезинфекција и со добра организација и мислам дека успешно одговараме на потребите од ваков вид во овие вонредни околности, рече директорот Ѓоргиев.

Дезинфекција се врши и во населените места Дабиле, Просениково, Добрејци, Баница, Водоча, Вељуса, а утре во Муртино, Сачево, ,Куклиш, Свидовица, Банско, и Габрово, а во недела Костурино, Водоча, Рич, и Попчево.92875949_3491877394171994_1845575789580386304_o 92895535_3491875850838815_1378336128628686848_o 92953739_3491877660838634_4434070407565279232_o 92979430_3491875787505488_4167552980880457728_o 92707979_3491875774172156_5356995391269109760_o 92759375_3491875967505470_1563792691915915264_o 92823857_3491876054172128_7723079478632513536_o 92846219_3491877610838639_3613308037109907456_o

Comments are closed.