Потврдени се 48 нови случаи на Ковид 19

Во однос на редовната дневна статистика, потврдени се 48 нови случаи на Ковид 19 во изминатото деноноќие. Со ова вкупно во земјата се 711 дијагностицирани пациенти. Новодијагностицираните се по градови:

– Скопје – 11
– Куманово – 25
– Штип – 1
– Прилеп – 4
– Тетово – 1
– Струга – 3
– Охрид – 1
– Гостивар – 292516464_2359297234377296_3178575789620723712_o

Во текот на изминатото деноноќие имавме и рекорден број на тестови, точно 496.
Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани 2 претходно починати лица. Едно лице од Лабуништа – Струга (63г) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој информиравме во текот на вчерашниот ден.

Comments are closed.