Академија Пандев донираше парични средства во ЈЗУ Здравствен Дом – Струмица

Покрај донацијата на сопственикот Горан Пандев, фудбалскиот прволигаш Академија Пандев, издвои парични средства од клубскиот буџет и ги донираше до ЈЗУ Здравствен Дом – Струмица.

Академија Пандев - Шкендија

„Со овој гест сакаме да им помогнеме и да се заблагодаримена лекарите и целиот медицински персонал за професионалноста и огромниот вложен труд“, истакнаа од ФК Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.

Во овие тешки денови кога се соочуваме со огромен здравствен проблем, светло на крајот од тунелот ни даваат токму тие хумани институции, академии, граѓани, фирми, здруженија итн. Тие се овде и ни подаваат рака, за полесно да излеземе сите од оваа криза. ЈЗУ Здравствен Дом – Струмица јавно упатува голема благодарност за хуманиот и добронасочениот гест од страна на ФК Академија Пандев, Ви благодариме за издвоените парични средства што ги дониравте во нашата болница со цел да се искористат за ресурси за заштита од КОВИД-19. Вашата хуманост не се заборава!, истакна од ЈЗУ Здравствен Дом Струмица.

Comments are closed.