Продолжува дезинфекцијата на градот – еве утре каде ќе се дезинфецира

Согласно направениот план, денеска и во наредните денови, Општина Струмица продолжува со дезинфекцијата во градот и населените места по следниот распоред:92735874_3863273643713420_9056892825219629056_o

Четврток 09.04 – Дезинфекција на населените места Дабиле, Просениково и Добрејци со почетокок од 16ч.
Петок 10.04 – Дезинфекција на централно градско подрачје и рачна дезинфекција на тротоари и урбана опрема. Дезинфекција на населените места Баница, Водоча и Вељуса со почеток од 16ч.
Сабота 11.04 – Дезинфекција на населените места Муртино, Сачево, Куклиш, Свидовица, Банско, и Габрово со почеток од 9ч.
Недела 12.04 – Дезинфекција на населените места Костурино, Раборци, Попчево и Рич со почеток од 9ч.

Се апелира до сите граѓани во текот на овој период да ги отстранат паркираните возила од тесните улички за да може цистерната со дизенфекциониот материјал слободно да поминува.

Comments are closed.