Поставени нови соларни маркери на булеварот „Маршал Тито“

Општина Струмица продолжува да ја зголемува безбедноста на граѓаните во сообраќајот. На пешачките премини на булеварот „Маршал Тито“ се поставени соларни маркери со цел поголема безбедноста на пешаците. Ваков тип на сообраќајна опрема ќе биде поставена на повеќе пешачки премини на кои е констатирано загрозување на безбедноста на пешаците. Поставена е и дополнителна сигнализација за пешачка зона на сите влезови на градскиот плоштад.92439619_3859471060760345_5168125531572404224_o 92354240_3859471390760312_6790885156639997952_o

Comments are closed.