Градоначалникот Јаневски денеска им го честиташе Светскиот ден на здравјето и здравствените работници;
Почитувани колеги – здравствени работници од општина Струмица, Секоја година 7.април се одбележува како Светски ден на здравјето и здравствените работници, но годинава, како никогаш досега, овој ден немал толку големо значење и „тежина“. Целиот свет соочен со големото зло наречено Ковид 19 ја препозна вистинската потреба и значењето на најхуманата професија. Бидете горди на таа ваша професија, бидете истрајни во предизвикот за чување и унапредување на здравјето на граѓаните, но чувајте го и своето здравје, затоа што и вие сте луѓе. Бидете на висина на работните задачи и чувајте го достоинството на вашиот животен повик.
.
Нека ви е честит и вековит Светскиот ден на здравјето и здравствените работници.