Нови 29 случаи позитивни на коронавирусот – починаа 4 пациенти

На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа-Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г). Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.

92308967_2356906161283070_1915310407606599680_o (1)Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

Скопје – 254
Куманово – 128
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп –34
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола –6
Охрид –3
Кавадарци – 2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 3
Радовиш -4
Крушево – 2
Кочани – 17

Во изминатото деноноќие направени се 386 теста.

Comments are closed.