Струмичките стартапи PowerAD и Wrappy започнаа хуманитарна донаторска акција

Струмичките стартапи PowerAD и Wrappy заедно со Club Industrial, покренаа иницијатива и во соработка со Црвен Крст – Струмица започнаа хуманитарна донаторска акција со цел во овие тешки моменти да им се помогне на најранливите категории. Поставени се штандови во “Здравец Маркети” и “Мега Маркети” каде што секој граѓанин ќе може да донира било какви производи. Благодарение на хуманите луѓе во Струмица, штандовите секојдневно се полнат, а волонтерите од Црвен Крст – Струмица веќе ги доставија првите пакети до некои од загрозените семејства.

Акцијата продолжува и во наредниот период. Исто така, кон хуманитарната кампања несебично се приклучи и компанијата “Ал Макс” од Струмица која донираше голема количина на масло за готвење. Се повикуваат сите компании кои се во можност да донираат и да се приклучат во кампањата.

Да им помогнеме на оние на кои помошта во овие моменти им е најпотребна. Нашето малку за некој значи многу! Биди хуман, донирај!

91474150_2651256995110635_6052998780070920192_o 91747966_2651257371777264_6068836162737274880_o 91505409_2651257801777221_3293436830162092032_o

Comments are closed.