Едно лице од Струмица ја прекршило забраната за движење

полицијаНоќта на 30/31.03.2020 година на подрачјето на СВР Струмица шест граѓани ја прекршиле наредбата од страна Владата на РСМ и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период.
Од овие лица, четири се затекнати на подрачјето на Полициската станица Радовиш, по едно на подрачјата на Полициска станица Струмица и Полициска станица Гевгелија. Во просториите на полициските станици е приведено едно лице.

Comments are closed.