Градоначалникот Јаневски одржа онлајн седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

На иницијатива на градоначалникот Коста Јаневски кој е и претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, а почитувајќи ја мерката со која се забранува собирање во група, денеска, се одржа онлајн седница на Советот на Југоисточниот плански регион на којашто главна тема беше регионалната заштита од ширењето на корона вирусот. Сите градоначалници на десетте општини, информираа за мерките коишто ги преземаат на општинско ниво, разменија искуства и ги искоординираа активностите за поголема регионална заштита.

Градоначалниците упатија заеднички апел до сите граѓани од регионот за максимално почитување на сите мерки од надлежните институции бидејќи само така ќе има брзо и ефикасно справување со овој голем предизвик.1 (1) 2 (1)

Comments are closed.