Во хотелот Цар Самуил ќе бидат сместени патниците од Берлин во наредните 14 дена

Министерстерот за дравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил истакнал дека се подготвени осум автобуси со кои ќе се пречекуваат и превезуваат сограѓани кои пристигаат од Берлин со летот во 17:00 часот.

Подготвени се осумте автобуси со кои ги пречекуваме и превезуваме нашите сограѓани кои ни пристигаат од Берлин со летот во 17:00 часот. Со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, обезбедуваме транспорт до хотелот Цар Самуил во Струмица, каде ќе бидат во следните 14 дена во задолжителен државен карантин. Го штитиме колективното здравје и здравјето на секој граѓанин.

Се работи за наши граѓани кои се враќааат во својата земја од различни страни на светот. Во вакви моменти секој се чуствува најбезбедно дома, меѓу своите најблиски. Овој модел мораме да го поддржиме, за доброто на сите. Им благодариме на сите колеги по институциите кои деноноќно и посветено работат на безбедно враќање на нашите граѓани дома.91011422_2349470532026633_6468757567148392448_n 91277125_2349471352026551_6187477448808988672_n

Comments are closed.