Горан Пандев ќе потпише нов едногодишен договор со Џенова

Нашиот најдобар фудбалер и капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, потврди дека ќе продолжи да игра уште една година, а медиумите во Џенова тврдат дека тоа ќе биде на „Луиџи Ферарис“. Наводно, 36-годишникот ќе потпише нов едногодишен договор со калчолигашот и таму ќе ја заврши богатата кариера.

Goran Pandev Genoa

Пандев е најдобриот стрелец на екипата, заедно со Доменико Кришито, со седум реализации во тековната сезона. Неговото искуство го прави исклучелно важен за тимот кој неколку сезони наназад се бори за опстанокт во италијанската елита.

Македонскиот репрезентативец игра во Џенова од 2015 година, кога се врати во Италија од редовите на Галатасарај.

Доколку биде се како што треба, тогаш историскиот натпревар со Косово, ќе се игра на 4. јуни во Скопје.

Comments are closed.