Македонските спортисти ја покажуваат својата хуманост на дело, во момент на големата светска криза поради пандемијата од Коронавирусот. Фудбалската репрезентација на Македонија, сочинувана од фудбалерите и стручниот штаб, ќе донира 30.000 евра во Фондот за здравство во борбата против Ковид-19.
Капитенот Горан Пандев ќе издвои 10.000 евра, додека останата сума доаѓа од сите оние кои се дел од најдобриот национален тим, објави „СпортМедиа“