
Филипче информираше дека нашата земја, во текот на вчерашниот ден, беше примена и во голема студија за избор на најсоодветна терапија кај пациенти заболени од Ковид-19, наречена „Солидарност”.
„Во тек е и онлајн тренингот на здравствени работници со помош на „Brown” Универзитетот од САД. Вклучени се 20 доктори, 20 медицински сестри и тие се обучуваат да бидат тренери за искуствата во однос на лекувањето на овие пациенти од секој аспект, прием, тријажа, проценка, пристап, итн. Благодарејќи на експертите од САД и Универзитетот, овие луѓе ќе бидат обучени после да го пренесат знаењето и на своите колеги, не само во институциите тука во Скопје, туку и ширум државата во сите ЈЗУ каде има персонал кој може да дојде во контакт со овие пациенти”, информираше министерот Филипче.