АПЕЛ од градночалникот Коста Јаневски

Почитувани сограѓани, Здравјето е нашето најголемо богатство. Да го цениме и чуваме, сопственото, на нашите најблиски и на сите околу нас. Да покажеме поголема јавна свест и општествена одговорност почитувајќи ги препораките на релевантните институции за превенција од ширење на болеста КОВИД-19. Јавното здравје е заедничка одговорност и секој од нас треба да го даде својот придонес со сериозно почитување на сите досегашни и денешните нови дополнителни препораки: -Забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. -Кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18:00 часот и капацитетот внатре да биде преполовен, значи да се задржи дистанцата од метар и пол до два на луѓето кои што престојуваат таму. -Да се откажат сите кино проекции, театарски претстави и концерти. Се работи за нашето здравје. Ги повикувам одговорните лица во јавниот и приватниот сектор, угостителите, сите заедно да преземе општествена одговорност и да покажеме дека здравјето ни е над се.

Comments are closed.