Екипата на Академија Пандев во рамки на 24. коло од ПМФЛ, ќе гостува во Струга, каде ќе ги одмери силите со последнопласираната Струга Трим Лум.
“Пандевци” одамна не знаат за победа, а резултатската криза ги однесе на седмото место ма табелата, на само еден бод над опасната зона за испаѓање. Натпреварот во кој и двете екипи се борат за победа и три бода, се игра во недела.