Беласица во сабота ќе гостува во Штип кај Брегалница, во дерби натпревар од 17. коло од Втората лига – Исток.
Дерби за прво место на табелата, дерби за Прва лига. Беласица по 16. одиграни кола е лидер во Втората лига – Исток, додека Брегалница со три бода помалку е на второто место на табелата.
Двете екипи имаат големи амбиции за влез во Првата лига, па така овој натпревар ќе биде важен и за двете екипи. Беласица со евентуална победа, би ја зголемила бодовната разлика во однос на Брегалница на 6 бодови, додека при евентуална победа на штипјани, тогаш двете екипи ќе имаат ист број на бодови, односно 40.
Кит Го на домашен терен ќе ја пречека Саса, Тиквеш ќе игра против Победа, Питу Гули во Крушево ќе биде домаќин на Кожуф, додека Осогово ќе ги одмери силите со Плачковица од Радовиш.