Беласица лидер во Втората лига – Исток по 16. одиграни кола

Екипата на Беласица по 16. одиграни кола во Втората лига – Исток е на првото место на табелата, со 40 освоени бодови. Фудбалерите на Беласица во досегашниот тек од сезоната имаат запишано 13 победи, едно реми и два порази.

Нивниот најголем ривал за првото место и за влез во Првата лига, Брегалница од Штип, се наоѓа на второто место на табелата со три бода помалку, односно 37. Штипјани во досегашниот тек од сезоната имаат 11 победи, четири ремиа и само еден пораз.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Тиквеш од Кавадарци, кој исто така има амбиции за влез во елитата, заостанува 9 бодови во однос на лидерот на табелата, односно кавадарчани имаат 31 освоен бод, а со ист број на бодови е и екипата на Кит Го од Пехчево која е на четвртата позиција на табелата. Бод помалку има Кожуф од Гевгелија, кој се наоѓа на петтото место на табелата. Саса има одлична сезона во однос на претходната, па по 16. одиграни кола, екипата од Македонска Каменица е на шесттото место на табелата со 23 освоени бодови.

Плачковица е седма на табелата со 13 освоени бодови. Радовишани играа лоша сезона, во досегашниот тек од сезоната имаат запишано само 3 побеи, четири ремиа и девет порази. Победа од Прилеп е на осмото место со 12 освоени бодовои, Осогово со 6 бодови се наоѓа на деветтото место, додека Питу Гули со 4 бодови е на последното десеттото место.

Во следното коло, Беласица го игра дербито на колото против Брегалница во Штип. Натпревар важен и за двете екипи во борбата за првата позиција и за влезот во Првата лига. Кит Го на домашен терен ќе ја пречека Саса, Тиквеш ќе игра против Победа, Питу Гули во Крушево силите ќе ги одмери со Кожув, додека Осогово во Кочани ќе ја пречека екипата на Плачковица.

Comments are closed.