РК Астраион со убедлива победа над РК Македонија ЃП

Ракометарите на РК Астраион продолжија со победи и во пролетниот дел од сезоната. Денес на домашен терен Астраион запиша победа над РК Македонија Ѓорче Петров со високи 31:16.

РК Астраион - екипа - 07.03.2020

Струмичани беа апсолутни фаворити на овој натпревар, а тренерите им дадоа можност на кадетскиот состав да го одиграат второто полувреме и да ја оправдат дадената минутажа.

Покрај победата на сениорската екипа на Астраион, денес и пионерите дојдоа до победа против екипата на КЛ7 Свети Николе со резултат 20:17 (10:9).

Во следното коло Астраион во Прилеп ќе гостува кај ланскиот суперлигаш РК Прилеп. Прилеп исто така е еден од клубовите со амбиции за враќање во ракометната Суперлига.

Comments are closed.