Академија Пандев загуби од Работнички во Скопје

Екипата на Академија Пандев продолжува со резултатската криза, откако денес во Скопје, со минимални 1:0 загуби од Работнички, во натпревар од 22. коло од ПМФЛ.

АРХИВА

АРХИВА

Новиот тренер на „Пандевци“, Александар Таневски, дебитираше со пораз во дербито со „романтичарите“. „Новиот“ Работнички игра одлична пролет, под водство на Достаниќ, запиша три победи и едно реми, што е скоро ист број на победи колку цела претходна полусезона. Во однос на табелата, Академија Пандев моментално е петтопласирана со 28 бодови, но откако утре ќе биде комплетирано колото, петтото место може да го заменат со некое од подолните места. Работнички со новите три бода за момент излезе од опасната зона и сега се наоѓа на осмото место на табелата.

Во следното коло Академија Пандев на домашен терен ќе ја пречека Ренова од Тетово, додека Работнички во Тетово ќе има тешко гостување кај актуелниот шампион Шкендија.

Comments are closed.