Кошаркарите на КК струмица утре на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на КК Риниа, во натпревар од 13. коло од Втората кошаркарска лига – Исток.
На овој натпревар КК Струмица е фаворит за победа, поради подобрата форма и екипа во однос на Риниа. КК Струмица во моментот е второпласирана екипа на табелата со 20 бодови, еден помалку од лидерот ТФТ, додека Риниа е последна со 12 бодови на табелата.
Судии на овој натпревар ќе бидат Михајловиќ В., Влахов Н. и Тренчевски М., додека контролор на натпреварот ќе биде Мицев Р. Натпреварот ќе се игра во салата „Никола Карев“ во Струмица, со почеток од 16:00 часот.
