Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа ждрепката за полуфиналните парови во Купот на Македонија.
Ждрепката посака Академија Пандев силите да ги одмери со второлигашот Брегалница од Штип, додека прволигашки двомеч ќе гледаме меѓу Шкендија и Струга Трим Лум. Првите натпревари се закажани за 8. арпил, додека реваншите на 6. мај 2020 година. Бранител на титулата е екипата на Академија Пандев, која во ланското финале, ја совлада екипата на Македонија ЃП, по извеувањето на пенали.