Екипата на Академија Пандев, која минатата сезона го освој Купот на Македонија, денес ремизираше на реванш натпреварот со Шкупи, играјќи 1:1, а со тоа обезбеди полуфинале. Љупче Дориев беше стрелец на голот за Академија Пандев, додека Дарбое постигна гол за утеха на гостите. „Пандеви“ на првиот натпревар победија со 0:1.
Покрај Академија Пандев, полуфинале обезбедија Шкендија, Брегалница од Штип и Струга Трим Лум.
