Александар Таневски нов тренер на Академија Пандев

Поранешниот тренер на Македонија ЃП, Александар Таневски, ќе биде нов шеф на стручниот штаб на македонскиот прволигаш Академија Пандев.

FB_IMG_1583323638431

Тој се договори за соработка до крајот на сезоната со струмичкиот клуб, со опција и за натамошно продолжување на ангажманот доколку постои интерес кај двете страни. Таневски со Академија Пандев ќе дебитира на дербито со Работнички во Скопје.

Comments are closed.