Убедлива победа на ЖФК Тиверија Струмица над ЖФК Кочани

Убедлива победа на екипата на ЖФК Тиверија од Струмица, во натпревар од 14. коло од Првата фудбалска лига жени, откако во Кочани, со високи 0:17 славеа над ЖФК Кочани.

ЖФК Тиверија - ЖФК Кочани - во Кочани - 29.02.2020

Стрелци на головите за ЖФК Тиверија Струмица беа: Димоска со 8 гола, Николовска три гола и по еден гол постигнаа С. Велкова, Ристовска, Недева, Ѓоргиева, Р. Велкова и Божиновска.

Во следното коло ЖФК Тиверија Струмица на домашен терен во Струмица, ќе игра дерби натпревар против ЖФК Каменица Саса.

Comments are closed.