Академија Пандев во натпревар од 21. коло од Првата македонска фудбалска лига, на домашен терен во Струмица, ќе го пречека Борец од Велес.
Овој натпревар е од голема важност и за двете екипи. Академија Пандев е во резултатска криза, на последните пет натпервари бележи пет порази, и со 27 освоени бодови е на петтото место, додека Борец со 20 бодови е дното од табелата, и секој бод му е важен во борбата за опстанок.
Главен судија на овој натпревар ќе биде Стојчевски Игор од Скопје, негови помошници ќе бидат Иваноски Бојан и Милошевски Горан, исто така од Скопје. Четврт судија на натпреварот ќе биде Ристовски Доне од Гевгелија. За делегат на натпреварот одреден е Дервиши Ајетали од Тетово, додека за контролор одреден е Николовски Зоран од Скопје.
Натпреварот се игра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, со почеток од 14:00 часот.