Меѓународниот турнир „Пандев Куп 2020“ по трет пат

Меѓународниот турнир „Пандев Куп 2020“ ќе се одржи по трет пат. Оваа година учество ќе земаат над 80 екипи во шест возрасни групи: 2006, 2007, 2008, 2009, 2010 и 2011 и помлади.Натпреварите ќе се играт на терените во Струмица и Дојран, од 5 до 8 март 2020 година.

Пандев Куп 2020

„Ни претставува голема чест што повторно ќе бидеме сведоци на одлични натпревари и уште поголема дружба меѓу сите учесници на третиот турнир Пандев Куп 2020“, истакнаа организаторите на „Пандев Куп 2020“ на нивната официјална фејсбук страница.

Comments are closed.