Екипата на Беласица, утре ќе одигра контролен натпревар со Кожуф од Гевгелија. Овој натпревар ќе се игра на Градскиот стадион во Гевгелија, со почеток 15:00 часот.
Следниот викенд започнува пролетниот дел од Втората лига. Беласица стартува во Кочани, каде ќе гостува кај Осогово.