Екипата на Академија Пандев со пораз го започна пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига, откако во Струмица, со 1:2 беше поразена од актуелниот шампион Шкендија. Иако „пандевци“ први го отворија резултатот со голот на Даниел Миловановиќ, сепак на крајот гостите од Тетово заминаа дома со трите посакувани бодови.
По овој пораз, Академија Пандев се сели на четвртото место на табелата со 27 бодови, три помалку од третопласираниот Силекс. Шкендија останува втора на табелата со 31 освоен бод и осум помалку од лидерот Вардар.
Во следното коло Академија Пандев ќе гостува кај Македонија ЃП, додека Шкендија ќе гостува во Кравото кај Силекс.