Академија Пандев во недела ќе го пречека актуелниот шампион Шкендија на „Благој Истатов“ во Струмица, во рамки на 19. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Главен судија за овој дерби натпревар ќе биде Мечкаровски Димитар од Скопје, додека негови помошници ќе бидат Петрески Гоце и Василевски Даниел од Скопје. За четврт судија на натпреварот одреден е Милошевиќ Милош од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Савов Жанко од Скопје, додека за контролот одреден е Ристески Марјан од Кичево. На овој натпревар ќе има и двајца дополнителни судии, а тоа се Влахо Константин и Костенчев Никола од Скопје.
Натпреварот се игра со почеток од 13:00 часот, а влезот ќе биде слободен.