Академија Пандев со нерешен резултат 0:0 против туркменистански Алтин Асир ги завршува припремите во Анталија, Турција. Многу шанси за гол на фудбалери на Академија Пандев, кои останаа неискористени па на крај „пандевци“ се задоволија со нерешен резултат без постигнат гол.
Денес екипата на струмичкиот прволигаш се врати во Струмица, по што следуваат два денови пауза, а од понеделник стартува припрема за првото пролетно коло против Шкендија на домашен терен.