Екипата на Беласица во сабота ќе одигра контролен натпревар против бугарскиот прволигаш Царско Село во Софија, Бугарија. Фудбалерите на струмичкиот второлигаш, денес запишаа убедлива победа над Тиквеш од Кавадарци, откако го совладаа со 3:1 на „Благој Истатов“ во Струмица.
Беласица е есенски шампион во Втората лига – Исток.