Академија Пандев забележа убедлив пораз на контролниот натпревар во Анталија, против руската екипа Ротор, со резултат од 5:1. „Пандевци“ го отворија натпреварот со погодокот на Даниел Миловановиќ, но сепак на крај Академија Пандев претрпе убедлив пораз.
До крајот на подготовките во Анталија, на фудбалерите на Академија Пандев, им преостануваат уште две контролки, утре против босанскиот тим Младост Добој и в четврток против Алтин Асир од Туркменистан.