Екипата на Беласица утре со почеток од 13:00 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица ќе одигра контролен натпревар против Тиквеш од Кавадарци.
Двете екипи се борат за првото место и обезбедување на директен влез во Првата лига. Беласица е првопласирана во Втората лига – Исток со 34 освоени бодови, додека Тиквеш е на четвртото место со 27 бодови.
Беласица претходно одигра пријателски натпревари со Кит Го – Пехчево и Плачковица во Дојран.